Меџити го разреши директорот на Државна кардиохирургија Сашко Јовев: Веќе нема директори кои седат и спијат по 10 години

Нетпрес

05/06/2023

14:27

4.167

Големина на фонт

а а а

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија.

- Веќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или по десет години, немаат никаков резултат и затоа здравството е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и во се друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток, ќе видите дека некој нема да седи шест месеци, ќе поднесе извештај за тоа што има сработено, рече Меџити.  

Д-р Јовев во изјава за МКД.мк потврди дека е информиран дека такво решение донел министерот за здравство Фатмир Меџити, но не го примил решението бидејќи е на боледување. МКД.мк дознава дека министерот Меџити одлучил таа функција да ја преземе лекар од Тетово кој не е кардиохирург.

Во изјава за МКД.мк проф. д-р Сашко Јовев вели дека разбрал за одлуката да биде разрешен од функцијата директор иако за тавко нешто, вепи, освен партиски побуди, сигурно дека не постојат други причини бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.


Решението од министерот не го примил бидејќи, вели, за првпат во својата кариера е на боледување.

Трансплантациите на срце извршени под негово раководство се круна на неговата кариера. Тој во саботата ја отгвори хибридната сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија..

Сите пациенти кои имаат тешки кардио васкуларни болести, во иднина наместо да одат во странство ќе можат да се лекуваат тука, рече д-р Јовев.

Инаку, МКД.мк дознава и дека оставка поднел директорот на Клиниката за психијатрија д-р Стојан Бајрактаров, кој како што се донзава, не ги издржал притисоците од страна на министерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг