(Фото) Купила сако во продавница за половна гардероба, па нашла морничава порака во џебот: „Чувај се...“

Точка

05/06/2023

15:23

6.764

Големина на фонт

а а а

Продавниците за половна гардероба можат да бидат вистинска ризница на богатство, а носената облека понекогаш крие неверојатни тајни, како што се дневници на несреќни љубови.

Меѓутоа, тоа не било случај со една Американка која наишла на морничаво откритие откако купила сако во локален бутик. Имено, таа открила нешто многу злобно откако пребарала по џебовите од црвеното сако.

Жената по име Џоен наишла на порака од претходната сопственичка која барала да биде погребана со таа облека, а целата приказна започнала да кружи на социјалните мрежи.

„Џоен го пронајде ова прекрасно, црвено сако со порака во задниот џеб“, пишува во објавата на Фејсбук со фотографија од новата сопственичка и пораката на која е напишано: 

„Погребајте ме во ова црвено сако“.


Со оглед на тоа што ова модно парче било пронајдено во продавница за половна облека, се чини дека на претходната сопственичка не ѝ се исполнила желбата, а луѓето почнале да го коментираат нејзиното „откритие“.

„Некому не му се исполнила желбата“, напишала една жена на Фејсбук, додека друга додала: „Ова е навистина тажно“.

„Чувај се. Покојната сопственичка би можела да те прогонува поради своето сако“, се пошегувала трета личност.

„Ова навистина ме натажи. Нејзината скромна желба не била испочитувана“, „Се надевам дека е погребана во нешто прекрасно“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг