Реал Мадрид се прости со Карим Бензема

Макфакс

04/06/2023

13:10

3.228

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема ќе си замине од Реал Мадрид по крајот на неговиот договор овој месец, потврдија „кралевите“, пред очекуваниот трансфер на францускиот напаѓач во саудискиот клуб Ал-Итихад.

Уште во четврток повеќе медиуми објавија дека вториот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид ќе го напушти „Сантијаго Бернбеу“ по 14 години по богатата понуда од Саудиска Арабија, така што ова не доаѓа нееочекувано. Бензема освои пет титули од Лигата на шампионите и четири од Ла лига, како и Златната топка во 2022 година.

„Реал Мадрид и нашиот капитен Карим Бензема се согласија да стават крај на неговото брилијантно и незаборавно време како играч на нашиот клуб. Сакаме да ја искажеме нашата благодарност и љубов за еден од фудбалерите кој веќе е легенда на клубот. Кариерата на Карим Бензема во Реал Мадрид е пример за однесување и професионализам, бидејќи тој секогаш ги претставуваше вредностите на нашиот клуб. Тој го заслужи своето право да одлучи за својата иднина. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом и му посакуваме многу најдобо во новата фаза на неговиот живот“, велат од Реал Мадрид.

Клубот исто така потврди дека во својот тренинг-центар во вторник ќе има посебен настан во чест на Бензема.

Според „ЕСПН“, Бензема добил понуда за двегодишен договор вреден 400 милиони евра за преселба во Саудиска Арабија, идентична сума која ја добива Кристијано Роналдо во Ал-Наср.



Спонзорирани линкови

Маркетинг