Раководството на Милан одлучи за судбината на Ибрахимовиќ

Точка

03/06/2023

20:06

4.182

Големина на фонт

а а а

Милан соопшти дека нема да го продолжи договорот со Златан Ибрахимовиќ.

Италијанскиот фудбалски гигант Милан соопшти дека нема да го продолжи договорот со легендарниот шведски напаѓач, 41-годишниот Златан Ибрахимовиќ, кој истекува на крајот од оваа сезона.

Ибрахимовиќ имаше само 144 минути на теренот во четири настапи оваа сезона исполнета со повреди, но тој стана и најстариот стрелец во историјата на Серија А со голот од пенал против Удинезе во март.


Ибрахимовиќ се врати во Милан на почетокот на 2020 година и минатата сезона со тимот ја освои шампионската титула на Италија, прва од 2011 година кога во тимот беше и Швеѓанецот. Ибрахимовиќ го носеше „црно-црвениот“ дрес од 2010 до 2012 година.

Тренерот на Милан Стефано Пиоли изјави дека Ибрахимовиќ нема да биде во конкуренција за натпреварот против Верона во недела, со кој Милан ќе ја заврши сезоната, а по натпреварот ќе се одржи церемонија во негова чест.


„Милан ќе се прости од Златан Ибрахимовиќ со кратка церемонија во која ќе бидат вклучени сите гледачи. Му благодариме за прекрасните заеднички години“, изјави портпаролот на клубот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг