„Forbes“ ја прогласи Рис Витерспун за најбогата актерка на светот кое сама го стекнала своето богатство односно не го наследила.
Во четвртокот, деловната публикација ја објави својата ажурирана листа на најбогати жени кои самостојно го стекнале своето богатство за 2023 година, а актерката се најде на 59-то место.
Додека запрепастувачката нето вредност на ѕвездата на филмот „Legally Blonde“ од 440 милиони долари ја доведе само до долната половина на листата од 100 личности, Рис е единствената групирана во категоријата „забава“.
Помеѓу останатите жени на листата биле ТВ сценаристката Шонда Рајмс, комичарката Елен Деџенерис и пејачките Тејлор Свифт, Ријана и Мадона, помеѓу останатото.
Остатокот од листата, на чиј врв е претприемачката Дајан Хендрикс со нето вредност од 15 милијарди долари, вклучува жени од светот на модата, здравството, технологијата и многу друго.
Витерспун (47) е најпозната по тоа што глумеше во низа фалени филмови низ својата разновидна, децениска кариера како „The Man in the Moon“ (1991), „Pleasantville“ (1998), „Election“ (1999) и „Wild“ (2014).
Таа е исто така помеѓу најплатените актерки во индустријата, бидејќи во 2023 година заработила неверојатни 35 милиони долари. Иако актерската плата ѝ е секако голема, она што дополнително придодало на нејзината нето вредност била продажбата на нејзината продукциска куќа „Hello Sunshine“ во 2021 година, во договор вреден 900 милиони долари.