(Видео) Мечка влегла во пекарница, ги исплашила вработените и се „почестила“ со 60 колачиња

Точка

01/06/2023

20:10

4.276

Големина на фонт

а а а

Една гладна мечка влегла во гаража од пекарница во Конектикат, каде исплашила неколку вработени, а потоа се „почестила“ со колачиња.

Вработените во пекарницата „Taste by Spellbound“ во градот Авон товареле колачиња во комби за да вршат достава, но плановите им ги расипала една мечка. Сопственичката на пекарницата Миријам Стивенс рекла дека чула вресок од страна на вработената Морин, како и предупредување дека во гаражата има мечка.

Вработената се обидела да ја исплаши мечката, но таа се враќала неколку пати и се обидела да ја нападне. Затоа, Морин побегнала од гаражата, а видеото од надзорната камера покажува како мечката влече сад со колачиња, по што изела дури 60. Побегнала дури кога вработените ја исплашиле со автомобилска сирена.

За среќа, никој не бил повреден во инцидентот, но средбите помеѓу луѓе и мечки се чести во Конектикат. Минатиот месец мечка гризнала 74-годишна жена за рака додека шетала со своето куче во градот Хартфорд.

Според официјалните податоци, во Конектикат живеат помеѓу 1000 и 1200 американски црни мечки, а во текот на минатата година биле видени во 158 од 169 градови во оваа американска држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг