(Видео) Чоколадни залчиња со јагоди: ТикТок рецепт за вкусен летен десерт

Точка

30/05/2023

21:24

18.571

Големина на фонт

а а а

Рецептот за чоколадни залчиња со јагоди е хит на социјалните мрежи, а десертот со ова сезонско овошје ќе го подготвите за многу кратко време.

Со оглед на тоа што јагодите ги „преплавија“ рафтовите во супермаркетите и штандовите на пазарите, доколку ви здодеа да ги јадете свежи и сакате да направите некаков десерт од нив, можете да го подготвите овој ултра лесен рецепт.

Чоколадните залчиња со јагоди се подготвуваат од само 3 состојки, а за нив ви се потребни јагоди, кокосов, грчки или друг вид јогурт по желба и темно чоколадо.

Потребни состојки:

- 300 гр. јагоди
- 1 чаша грчки јогурт
- 100 гр. темно чоколадо
- морска сол по желба

Подготовка:

Измијте ги и исчистете ги јагодите, а потоа исечкајте ги на коцки. Во еден сад додајте го грчкиот јогурт и јагодите и добро измешајте.

Од смесата направете мали топчиња и ставете ги на плех прекриен со хартија за печење. Формираните топчиња ставете ги во замрзнувач да се стегнат.

Истопете ја чоколадата на пареа, а потоа извалкајте ги топчињата со јагоди во неа, и повторно вратете ги во замрзнувач. По желба врз нив додајте малку морска сол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг