Промаши пенал на најскапиот натпревар на светот: Три дена подоцна доби отказ

Точка

30/05/2023

20:32

2.973

Големина на фонт

а а а

Ковентри Сити во драматичното изведување на панели беше поразен во најскапиот фудбалски натпревар на светот, оној кој секоја година се игра во финалето за доигрување за пласман во Премиер лигата. Имено, победникот на тој двобој, освен пласирање во елитата на англискиот фудбал, освојува и најмалку 200 милиони евра. Овој пат тоа му припадна на Лутон Таун.

Како што обично се случува кога клубовите од понизок ранг во последен момент не остварат пласман во повисок ранг, неколку играчи го напуштиле клубот така што управата им ги раскинала договорите бидејќи повеќе не може да ги плаќа.

Кај Ковентри таа судбина ја доживеаја дури седум играчи, а еден од нив е и Фанкати Дабо, најголемиот трагичар во борбата за промоција.

Дури 12 фудбалери шутираа пенал во серијата, а само Дабо промаши и токму тој негов пенал го прати Лутон во Премиер лигата.

Дабо досега беше стандарден, запиша 131 настап за Ковентри, каде пристигна во 2019-та година, а сега на 27 години е отпишан со останатите шест фудбалери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг