Ученик на матурска прослава во Бања Лука дошол облечен како Спајдермен, фотографиите се урнебесни

Точка

30/05/2023

20:00

6.009

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од матурската прослава на Технолошкото училиште во Бања Лука станаа вистински хит благодарение на еден ученик кој за оваа прилика облекол интересно „одело“.

Додека неговите соученици посебно се дотерале за овој специјален ден и ги одбрале најдобрите одела и фустани, еден ученик се одлучил за костим на Спајдермен. Матурантот заедно со својата придружба се прошетал низ улиците на градот во поворка и позирал со останатите пред училиштето.

Фотографиите ги објави порталот „Nezavisne“, а на социјалните мрежи многумина признаа дека матурантот добро ги насмеал.

„Каков лик“, „Ние сме навистина посебен народ“, „Легенда“, напишале дел од нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг