Светот не видел вакво злосторство! Детето од ОУ Рибникар по три детали драстично се разликува од сите масовни убијци

Точка

30/05/2023

19:32

12.967

Големина на фонт

а а а

Речиси еден месец по масакрот во Основното училиште Владислав Рибникар на Врачар, мотивите на 13-годишното дете убиец сè уште се мистерија, исто како и првиот ден. Неговиот ужасен чин е застрашувачки, необјаснив и без преседан и со години ќе биде предмет на истражување на психијатрите и криминолозите. Сепак, една работа веќе сега е кристално јасна: светот досега не се сретнал со злосторник каков што е тој.

Злобниот тинејџер од „Рибникар“ дури и во друштво на најмасовните убијци во историјата на светот отскокнува по три детали и неколку особини кои никогаш не се видени во сличните масакри. Пред сè, по својата возраст, потоа по некарактеристичниот психолошки профил кој драстично отскокнува од другите масовни злосторници, но и по своето однесување во моментите непосредно после масакрот.

Детаљ број 1: Најсурово дете масовен убиец во историјата

Пред сè, тинејџерот од Србија е најсуровото дете убиец во историјата. Меѓу сите масовни убијци помлади од 14 години, што во Србија е законска граница под која дете не може да биде кривично одговорно за злосторство без оглед на суровоста и бројот на жртвите, никој на светот никогаш не убил толку луѓе како тој.

На душа, ако ја има, носи 10 жртви. Девет лица убил кобното утро на 3-ти мај во училиштето, додека десеттото починало неколку дена подоцна во болница како последица од ранувањето. Според достапните, неофицијални информации, во историјата само 19 масовни убијци во градинки, училишта и на универзитети убиле повеќе луѓе од него.

Во тоа мрачно друштво детето убиец со свои 13 години е далеку најмладо. Најблиски по години му се Димитријос Пагурцис и Тим Кречмер, масовни убијци од училиште во Санта Фе, односно Виненден и Вендлинген во Германија, кои во моментот на злосторствата сепак биле многу постари – имале 17 години.


Детаљ број 2: Отскокнува од сите масовни убијци

Психолошкиот профил на детето убиец е нешто што и на прв поглед драстично отскокнува од сè што сме научени да очекуваме по низа масовни убиства во САД и во светот, и медиумските извештаи за нив. Според сè што досега се знае, детето убиец е натпросечно убаво дете, успешно во училиште, не било проблематично, ниту покажувало бизарно или драстично социјално однесување.

Треба да се има предвид и дека профилирањето на училишните масовни убијци е дисциплина која е во развој. Најдалеку во неа напредувале Џилијан Питерсон, доцент за криминологија на Универзитетот Хемлајн и Џејмс Дензли, професор по криминалистичка правда на Универзитетот Метро Стејт.

Питерсон и Дензли пред четири години започнале истражување кое било финансирано од Министерството за правда на САД, во текот на кое составиле база на податоци за секое масовно пукање од 1966-та година во кое биле убиени четири или повеќе луѓе на јавно место, и секој напад со огнено оружје во училишта, работни места и места за молитва од 1999-та.

Питерсон и Дензли исто така составиле детални биографии на 180 напаѓачи, разговарајќи со нивните сопружници, родители, браќа и сестри, пријатели од детството, колеги од работа и наставници. Повеќето напаѓачи не ги преживеале масакрите, но петмина кои преживеале биле интервјуирани од Питерсон и Дензли во затвор.

Нивните наоди, објавени во 2021-ва година, откриваат големи сличности меѓу извршителите на сите масовни убиства – но и бројни разлики со тоа што е познато за детето од „Владислав Рибникар“.


Профил на масовни убијци во училишта

Питерсон и Дензли наведуваат дека кај масовните убијци постои јасно трасиран пат.

„Изгледа дека основата е во траумата во раното детство, без разлика дали станува збор за насилство во семејството, сексуален напад, самоубиство на родител или екстремно злоупотребување. Понатаму тоа води кон чувство на очај, изолација, самопрезир, често и отфрленост од страна на врсниците, а потоа станува препознатлива кризна точка во која потенцијалните масовни убијци почнуваат да се однесуваат поинаку. Понекогаш имаат и претходни обиди за самоубиство“, рекол Питерсон во интервју за „Politico“.

Да го споредиме тоа со работите што ги знаеме за детството на убиецот од Србија:

• Моментално нема ни показатели, а уште помалку докази за траума во раното детство, насилство во семејството, сексуален напад, самоубиство на родител или екстремно злоставување. Можеби во неговото растење постои нешто што засега е скриено, но во досегашниот тек на истрагата, колку што ѝ е познато на јавноста, за тоа нема информации.

• Моментално нема показатели, ниту докази дека детето покажувало чувства на очај или самопрезир. Не се обидело да изврши ни самоубиство, колку што е познато. Никој од сведоците кои досега излегуваа во јавноста со детални приказни за убиецот, не навеле ништо од тоа.

• Детето убиец во последно време се изолирало и се затворало во својата соба, која ја делело со својата сестра, или се заклучувало во тоалетот на станот, како што во полицијата сведочела неговата мајка. Сепак, од исказите на мајката не може да се заклучи дека таквото однесување било на ниво на посериозна од вообичаената тинејџерска фаза. Истовремено, засега нема информации дека во училиштето или во друштвото покажувало слично асоцијално однесување.

• Единствена карактеристика во која детето убиец е слично со другите масовни убијци е своевидното чувство на отфрленост од страна на врсниците. Во шесто одделение се пожалил дека другарите не го поканиле на некој роденден, а му пречело и тоа дека го задевале дека многу чита, а не знае добро да игра фудбал. Во тој период побарал промена на смената кога ќе тргне во 7-мо одделение, бидејќи средината не му одговарала.

Сепак, дури ни тоа не е тинејџерско однесување кое во некој момент, во некоја мера, не го искусиле повеќето родители. Можеби се работи за грижа и реакција, но не и аларм кој би укажал дека станува збор за потенцијален масовен убиец.

Можеби идната истрага ќе открие некои детали од детството на детето од „Рибникар“ кои би не упатиле на поинаков заклучок, но засега е очигледно дека тој драстично отскокнува од вообичаениот профил на извршител на масовно злосторство.


Детаљ 3: Што се случувало во минутите после масакрот

Досега пишувавме за деталите според кои детето убиец од Србија повеќе или во главно помалку е сличен со другите најголеми масовни убијци во историјата. Но, постои и еден според кој е очигледно или апсолутно поинаков.

Според неофицијални податоци, 23 лица во историјата извршиле масовни убиства на 10 или повеќе лица во градинки, училишта или на универзитети ширум светот.

Од тој број:

• 17 напаѓачи се самоубиле по масакрот

• 3 напаѓачи биле уапсени во тек на бегство или судир со полицијата

• 2 напаѓачи се убиени во судир со полицијата

• само еден по масакрот се разоружил, мирно седнал и лично ја повикал полицијата да дојде по него.

Тој еден е токму детето од 7-2 одделение од Основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, во Белград.

Веќе споменатите истражувачи на профили на масовни убијци, Џилијан Питерон и Џејмс Дензли, велат дека масакрите во училишта се најчесто и чинови на насилно самоубиство, бидејќи огромен дел од напаѓачите на крајот се самоубиваат.

Нивното истражување покажало дека масовните убијци во речиси сите случаи организираат масакри како свој завршен чин, како големо заминување од сцената, не само да убиваат други, туку на крајот да бидат и убиени.

Наспроти сите нив, детето убиец кобното утро тргнало во училиште со јасна намера да не биде убиено. По масакрот плански повикало полиција и се пријавило себеси, па седнало, го испразнило оружјето и го расклопило, очигледно со намера на првите полицајци на местото на трагедијата да не им даде повод да го убијат дури ни во забуна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг