Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која беше осудена на седум години затвор и која од 2021 година е во КПУ „Идризово“, е на условен отпуст и го напушти казнено-поправниот дом.
Јанева беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, при што во казната беше пресметано и времето поминато во притвор. Таа беше осудена во предметот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски.

По апсењето на Јанева, Специјалното јавно обвинителство беше укинато со поддршка на сите парламентарни партии, а дел од предметите што ги водеше ова обвинителство продолжија во рамки на редовното обвинителство.








