Де Лаурентис подготвил богата понуда за тренерот на Порто

Макфакс

30/05/2023

15:02

1.961

Големина на фонт

а а а

Лучијано Спалети ја освои Серија А со Наполи, го врати шампионскиот пехар во градот под Везув по 33 години и потоа го напушти клубот.

Италијанските медиуми, тврдат дека Спалети се скарал со газдата на Наполи, Аурелио Де Лаурентис. Од другра страна, Де Лаурентус изјави дека Спалети самиот решил да го напушти клубот. Ова можеби е вистината, бидејќи Спалети откри дека заминува на едно годишен одмор.

Неколку тренерски имиња се поврзуваат со Наполи. Италијанските медиуми пренесоа дека Де Лаурентис за тренер го сака поранешниот шпански селектор, Луис Енрике, но изгледа вистината е поинаква.

Првиот човек на Наполи ќе се обиде да го донесе во клубот Серџо Консеисао, тренерот на Порто.

За да го убеди да ја прифати понудата, Де Лаурентис бил подготвен на Португалецот да му понуди шест милиони евра годишна плата. Доколку прифати, Консеисао ќе биде меѓу тренерите со најголема плата во Серија А.



Спонзорирани линкови

Маркетинг