(Видео) „Несмасни изговори“: Руското МНР за тврдењата дека зборовите на Греам се извадени од контекст

Макфакс

29/05/2023

15:17

1.566

Големина на фонт

а а а

Тврдењата на Ројтерс дека коментарите на американскиот сенатор Линдзи Греам за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски можеби биле извадени од контекст претставуваат несмасни, бесрамни изговори, вели руското Министерство за надворешни работи во соопштението објавено во понеделникот, пренесува ТАСС.

„Излегува дека сенаторот Греам не го кажал тоа или не го кажал на таков начин. Исто како кај сличните канибалистички размислувања на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, се извлекуваат несмасни, срамни изговори. Така, наводно, зборовите на сенаторот биле извадени од контекст, имало некакво монтажа и слично. Кој би се посомневал дека самиот политичар и неговите спин доктори – врвните англосаксонски медиуми и новински агенции – глумат лудило. Што е следно? Ќе ни кажат дека Линдзи Греам е производ на вештачката интелигенција и дека всушност не постои?“ реторички прашува руското МНР.

Во соопштението се нагласува дека „овој обид е осуден на неуспех“.

„Веќе е невозможно да се исчистите себеси [и својата репутација] од валканицата на таквите забелешки, дури и ако се тие изговорени одделно“, додава Министерството.

Претходно, на состанокот во Киев со Зеленски, Греам го поврза фактот дека „Русите умираат“ во украинскиот конфликт со американската помош за Украина, велејќи дека тоа се „најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“.

Руското МНР истакна дека ова не е прв случај на такви изјави со омраза и дека „сенаторот не е сам“.

„Нацистичката филозофија на омраза кон Русите е всушност она што ги обединува режимот во Киев и неговите американски раководители“, велат оттаму.

Министерството, исто така, посочи дека масовното негодување кај народот ја принудило западната пропагандна машинерија „со своите запчаници, како Ројтерс и Би-би-си, кои ја водеа кампањата за ‘перење’ на сенаторот, да иницира пристап за управување со кризи и обид да се смени ситуацијата.”

„Целата оваа приказна со кукавички оправдувања и смешни обиди да се аболицира Линдзи Греам е уште еден удар за веќе избледената репутација на Ројтерс и на Би-би-си, кои беа оставени да извлечат од хаосот и од име на Вашингтон и на Киев. Ова не е новинарство, туку ПР агенции кои извршуваат задача за „колективниот Запад“, заклучи руското МНР.

Во исто време, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, го повика Греам да сними кратко видео во кое ќе каже дали навистина го мислел она што го кажал на средбата со Зеленски.

„Сакам да дадам еден не толку лош предлог. Ако сенаторот Греам смета дека неговите зборови се извадени од контекст и дека не го мисли тоа, има можност да се изјасни за тоа. Може да го земе телефонот, да ја вклучи камерата, да ја сврти кон себе и да сними кусо видео“, рече Захарова во видеото што го објави на Телеграм.

Таа додаде дека „само така сите ќе дознаеме што навистина се случило и дали тој навистина го мисли тоа што го кажал или тоа го исценирал киевскиот режим.“

Захарова претходно му порача на Греамда се сети дека една од американските „инвестиции“ довела до Втората светска војна и до Холокаустот.

„Министерот за економија на нацистичка Германија, Хјалмар Шахт, за време на Нирнбершкиот процес изјави дека Третиот Рајх бил спонзориран и од странство и ги именувал двете најголеми американски корпорации: „Форд“ и „Џенерал моторс“. Со него бил склучен премолчен договор – слобода во замена за молчење. И покрај протестите на советските претставници, тој беше ослободен и доживеа 93 години“, потсети Захарова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг