Семејството на голманот на ПСЖ со детали за страшниот инцидент: Серхио е во најдобри раце

Дерби

29/05/2023

15:00

1.372

Големина на фонт

а а а

Серхио Рико заминал за Шпанија истата вечер по освоената титула во Лига 1, но откако го минал попладнето со своето семејство, доживеал голема трагедија и сега се бори за живот.

Голманот на ПСЖ доживеал страшен инцидент додека имал прошетка со својот коњ, а според најновите информации кои ги потврдија и луѓето од неговото семејство, Рико доживал судар со повеќе животни, а добил и удар со копито од разбеснет и побегнат коњ откако паднал на земја.

Во официјалното соопштение кое го достави неговата агенција, се цитира најблиското семејство на Серхио и во истото се потенцира дека клучни ќе бидат следните 48 часа.

– Серхио Рико отпатува од Стразбур за Малага веднаш по освоената титула со дозвола на клубот. После кратко време минато со семејството и пријателите, се упати кон Понтификал со коњ, а на пат доживеа несреќа при судар со животни, при што доби и удар од разбеснет коњ.

– Серхио е во добро раце, се бори за да се опорави и ја добива најдобрата нега од болничарите во Росио. Мора да бидеме претпазливи, особено во следните 48 часа.

– Сите очекуваме подобрување во неговата состојба, се надеваме дека ќе тргне на подобро и се надеваме со ново соопштение за подобри вести. Благодариме за покажаната поддршка, за испратените пораки за здравјето на Серхио. Ви благодариме за грижата, – се вели во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг