Фирмино се одјави од Ливерпул како што му доликува: Боби легна на земја двајца противници пред да постигне гол

Дерби

29/05/2023

14:57

1.404

Големина на фонт

а а а

Роберто Фирмино вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Ливерпул, а откако претходно се збогува со „Енфилд“ со постигнат гол, сега тоа го направи и на „Сент Мери“.

Саутемптон и Ливерпул одиграа луд и неверојатен натпревар кој заврши 4:4, резултат кој најдобро ја отсликува сезоната која ја имаше тимот на Јирген Клоп во Премиер лигата.

Гостите започнаа фуриозно и поведоа со 0:2, му дозволија на новиот второлигаш да направи пресврт и да поведе со 4:2, но не се откажаа и на крајот израмнија на 4:4 и се изборија за бод.

Ова беше последен меч во дресот на Ливерпул за легендарните Боби Фирмино и Џејмс Милнер, а овој првиот се збогува со бразилска минијатура во негов стил.

Во акцијата за 0:2, Фирмино легна на земја двајца противнички дефанзивци пред да ја смести топката во мрежата, што дефинитивно е најдобар крај на кариерата во Ливерпул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг