Мбапе: Знам каде ќе играм следната сезона

Дерби

29/05/2023

14:55

1.066

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе е недопирлив во француската Лига 1 и четврта година по ред е избран за најдобар играч во најсилното фудбалско друштво во родната земја, признание кое му беше доделено на свечената церемонија во Париз.

Ѕвездата на ПСЖ повторно се најде во прв план и доби награда за добрите игри и оваа натперварувачка сезона, која сепак фановите од Париз ќе ја паметат само по освоената титула во Лига 1.

ПСЖ повторно потфрли во Лигата на шампионите и разочарувањето беше огромно по елиминацијата од Баерн, но во ситуација кога се очекуваат големи промени на „Паркот на принцовите“ и заминувања на Меси и Нејмар, Мбапе потврди дека останува во тимот и следната сезона.

– Вистинска задоволство и вистинска чест е што го пишувам своето име во историјата на францускиот фудбал. Многу сум среќен во ПСЖ и знам што потпишав пред една година.

– Знам каде ќе играм следната година. Ќе играм во ПСЖ, се уште имам договор и планот ми е да го доработам договорот, – изјави Мбапе.