„Камп Ноу“ означи крај на една ера, Еспањол испадна во Сегунда (Видео)

Дерби

28/05/2023

22:05

2.016

Големина на фонт

а а а

Претпоследното коло во шпанската Ла Лига донесе девет натпревари истовремено, на кои во фокусот беше борбата за опстанок, но и случувањата на „Камп Ноу“ поради емотивните сцени.

Барселона сосема рутински ја совлада Мајорка со 3:0 и запиша нова победа, но овој натпревар беше последен на домашен терен за капитените Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Двајцата добија стоечки овации од навивачите и двајцата имаа различни реакции при излегувањето од игра, кое означи и крај на една ера во Барселона.

Левиот бек Алба со солзи во очите го напушти теренот и му го отстапи местото на Алонсо, а четири минути подоцна од игра излезе и Бускетс кој со насмевка на лицето се прости од фановите.

Резултатот беше во втор план поради збогувањето на капитените, но инаку победата ја осигураа Ансу Фати со два гола и Гави во вториот дел.

За разлика од славеничката атмосфера на „Камп Ноу“, голема тага ќе владее во другиот дел од градот, бидејќи Еспањол и официјално испадна откако одигра 2:2 на „Месталја“ против Валенсија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг