Де Хеа одбрани пенал после две години, Митровиќ беснееше во свој стил (Видео)

Дерби

28/05/2023

20:24

2.385

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед направи пресврт против Фулам и избори нова победа за крај на сезоната во Премиер лигата, но од друга страна, Александар Митровиќ пропушти огромна шанса да се одмазди на ривалот поради кој имаше суспензија од осум меча.

Српскиот напаѓач го нападна судијата во Куп пресметката со Манчестер и доби драконска казна од ФА, но сега кога се врати на теренот, имаше голема шанса да го однесе својот тим на предност од 0:2.

Фулам поведе во првиот дел на „Олд Трафорд“ со голот на Тете, а шест минути подоцна, судијата покажа на белата точка и одговорноста ја презема Митровиќ.


Србинот беше прочитан од Де Хеа и Шпанецот конечно одбрани пенал после 13 примени удари од 11 метри во сите натпреварувања, односно ова беше негов прв неутрализиран пенал по пауза од две години.

На спротивната страна, Митровиќ исто така нема баш среќа со пеналите, па не ја криеше фрустрацијата и пцуеше на српски откако Де Хеа го доби нивниот дуел.

Во продолжение, Санчо израмни на 1:1 и со овој резултат се замина на пауза, а во вториот дел Јунајтед комплетираше пресврт со голот на Бруно Фернандеш.


Од фаворитите, во последното коло во Англија победи и Арсенал со 5:0 против Вулверхемптон, додека Манчестер Сити ја заврши сезоната со пораз од Брентфорд (1:0).




Спонзорирани линкови

Маркетинг