Со импровизирано гласачко ливче, Турчин ја запроси девојката пред гласачко место во Анкара

Макфакс

28/05/2023

19:37

4.395

Големина на фонт

а а а

Денес во Туркција се одржува вториот круг од претседателските избори, а на гласачките места во главниот град Анкара забележана е несекојдневна понуда за брак, известува турската новинска агенција „Анадолија“.

Мехмет Емин Озбеј пред гласачкото место во локалното училиште ја побара за жена девојката Гизем Есин, така што ѝ подаде импровизирано гласачко ливче со заедничка фотографија и ја праша дали го прифаќа предлогот за брак.

Девојката видно изненадена, но и пресреќна, го стави печатот со знакот „ДА“ на ливчето со заедничка фотографија и потоа го „спушти“ во „гласачката кутија“.


Девојката во изјавата за новинарите рече дека е изненадена и дека не очекувала токму ваква понуда за брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг