Ајакс остана без пласман во Лигата на шампионите првпат по 14 години

Дерби

28/05/2023

18:59

1.968

Големина на фонт

а а а

Холандскиот великан Ајакс ја заврши сезоната со пораз од Твенте, но благодарение на победата на ПСВ остана на третото место на табелата во првенството.

Составот од Амстердам требаше да победи и да очекува кикс на ПСВ за преземање на второто место, но денешниот епилог го остави Ајакс на третото место.

Тоа значи дека првпат по 14 години Ајакс не е на едно од првите две места на табелата и нема да игра во Лигата на шампионите.


Тимот предводен од Џони Хејтинга ќе може да игра само во Лига Европа, што е потврда дека Ајакс нема да биде во европската елита првпат по сезоната 2009/10.

Шампионската титула во Холандија ја освои Феенорд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг