Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…

Дерби

28/05/2023

15:10

2.315

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен успеа по една завршна драма да ја задржи титулата во Германија и тоа пред се благодарение на Борусија Дортмунд која направи голем кикс на домашен терен во дуелот со Мајнц.

Меѓутоа и покрај освоениот пехар во Бундеслигата, главните луѓе во клубот решија да се ослободат Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан, луѓе кои играа клучна улога во изминатиов период, но имаа и одлуки со кои не се прославија.

Двајцата беа изненадени, ама ја прифатија одлуката и имаа пораки кои ги испратија:

-Секако дека сакав да продолжам, бев одлучен повторно да ја освојам ЛШ со оваа екипа.Овој тим е навистина добар. Постојат добри ликови, добри млади играчи и добра комбинација на младост и искуство. Ама се разбира, јас ја прифаќам одлуката на клубот, клубот е над сè, на сите им посакувам на сите единство и заеднички успех.


-Многу сум горд на овие играчи, морам тоа да го кажам. Можеби сум емотивен, мојата ситуација не е лесна, ама на сите им посакувам среќа и успех. Исто така сакам да му се заблагодарам на клубот за прекрасното искуство и патот, секогаш бев емотивен кога станува збор за Баерн, имав тешки ситуации, но навистина и многу добри. Затоа сум благодарен за последните шест години, -порача популарниот Брацо