Видеото од златен ретривер кој се лути бидејќи добил сестра е хит – не сака ни да ја погледне сопственичката

Точка

27/05/2023

17:23

8.244

Големина на фонт

а а а

Речиси секој сопственик некогаш имал прилика да го види своето домашно милениче како се лути поради нешто, но обично причините за тоа се храна, победување во игра и слично.

Меѓутоа, овој златен ретривер „смртно“ ѝ се налутил на својата сопственичка бидејќи одлучила дома да му донесе сестра, исто така златен ретривер.

Сопственичката го снимала своето куче Копер како седи на совозачкото седиште додека таа во скутот ја држи неговата мала сестра. Кучето постојано гледало низ ветробранското стакло и имало лут израз на лицето. Сопственичката го довикувала, но Копер свесно ја игнорирал.

Во еден момент се обидела на сила да му ја сврти главата за да ја погледне, но тој брзо ја вратил во првобитната положба.

Видеото од ретриверот кој се лути стана хит на Инстаграм, а досега го погледнале речиси 200 илјади луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг