Билка која лекува сè: Идеален сојузник во борба против стресот, хипертензијата и дијабетесот

Точка

26/05/2023

16:45

11.850

Големина на фонт

а а а

Ароматичниот босилек може да го направи секое јадење поинакво и повкусно, но неговата посебна вредност е што има и лековити својства, особено кога е свеж.

Босилекот е ароматична билка која често се користи како зачин во кујната. Меѓутоа, многумина не знаат колку е навистина нутритивно богат и лековит.

Еве 7 добри причини зошто треба босилекот да го користите почесто:

Богат со антиоксиданти

Босилекот е богат со антиоксиданти кои помагаат во борба против слободните радикали во телото. Антиоксидантите помагаат во спречување на оштетувањето на клетките и можат да го намалат ризикот од хронични болести како што се болестите на срцето, дијабетес и рак.

Го подобрува варењето

Босилекот го подобрува варењето, а еден од начините на кој го прави тоа е преку зголемување на лачењето на желудочна киселина која е неопходна за правилно варење. Покрај тоа, овој зачин содржи влакна кои го одржуваат здравјето на дигестивниот систем.


Ги намалува воспаленијата

Оваа ароматична билка содржи соединенија кои имаат антиинфламаторни својства. Тие можат да помогнат во намалување на воспаленијата во телото, што може да го намали ризикот од хронични болести како што се артритис и кардиоваскуларни болести.

Го ублажува стресот

Босилекот има смирувачки ефект врз телото и помага во намалување на стресот. Истражувањата покажуваат дека консумирањето босилек може да го намали нивото на кортизол во крвта, хормон кој се ослободува во телото за време на стресни ситуации.

Го чува здравјето на срцето

Оваа зачинска билка го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем на неколку начини. Босилекот помага да се намали нивото на холестерол во крвта и го намалува крвниот притисок, што заедно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.


Може да го подобри имунитетот

Босилекот е богат со витамин Ц, кој е важен за зајакнување на имунолошкиот систем. Покрај тоа, содржи и други хранливи материи кои помагаат во одбраната на телото од инфекции.

Го одржува здравјето на кожата

Босилекот содржи антиоксиданти кои помагаат во спречување на оштетување на кожата од слободните радикали. Покрај тоа, има антимикробни својства кои спречуваат појава на инфекции на кожата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг