Променливо облачно со повремени врнежи, попладне и приквечер нестабилно

Нетпрес

26/05/2023

07:31

1.534

Големина на фонт

а а а

Времето во Македонија во петокот претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со изолирана појава на град.

Утринските температури се движат 7 до 15, а максималните дневни ќе бидат во соодврено во интервелот меѓу 17 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг