Ужас на автопатот кај Лесковац: Камион се преврте и се запали – возачот изгоре во кабината

Макфакс

01/10/2026

10:10

252

Големина на фонт

а а а

На автопатот кај Лесковац синоќа се случи трагична сообраќајна несреќа во која камион се преврте и се запали, при што возачот го загуби животот откако изгоре во кабината.

Возач на камион го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот кај селото Печењевце, во близина на Лесковац.

Службите за итна помош добиле драматична пријава во 2:00 часот по полноќ. При пристигнувањето на местото на настанот, противпожарните и спасувачките екипи затекнале застрашувачка глетка: камион превртен на страна, зафатен од силен пожар.

По брзата интервенција и напорите да се стави пожарот под контрола, пожарникарите го пронашле безживотното тело на возачот додека ја пребарувале изгорената кабина.

Увидот на лице место ќе ги утврди сите околности и причини за оваа трагедија.