Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда Мито Хаџи Василев-Јасмин за 2026 година

Макфакс

01/10/2026

09:40

137

Големина на фонт

а а а

Министерството за култура и туризам објави конкурс за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2026 година, која се доделува за постигнувања во публицистиката и новинарството. Наградата може да ја добијат индивидуи, групи и институции, вклучувајќи и странски апликанти.

Министерство за култура и туризам информира дека Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ распиша Конкурс за доделување на државната „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ во 2026 година.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда, под условите определени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

Конкурсот ќе трае од 1 до 31 октомври 2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.