Семејството Кецмановиќ, по повеќе од 20 дена, упати сочувство до сите семејства на жртвите од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кој го изврши нивниот малолетен син Коста (13), а во кој настрадаа 10 лица.
„На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која, неми од неизлечива болка и тага, секојдневно плачеме за секое невино настрадано дете и за Драган кој со толку љубов внимаваше на децата. Длабоко и најискрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, која е и наша загуба. Вечно во тага“, соопшти семејството на детето по пат на адвокат, пренесува „N1“.
За потсетување, Коста К. на 3-ти мај упаднал во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар каде уби 8 ученици и домарот на училиштето, додека 6 лица рани. Пред неколку дена на повредите им подлегна уште едно дете.
На кобниот ден детето пукало од пиштолот на својот татко, а потоа повикало полиција и пријавило што направило.