Среќен 90-ти роденден Џоан Колинс
Постојат жени на кои едноставно треба да им се симне капа. Една од нив е и Џоан Колинс, дама која му пркоси на времето и на 90 години.
Токму така, Колинс е родена на денешен ден, далечната 1933 и верувалe или не денес ја започнува 10-та декада.
Без разлика на годините оваа актерка останува доследна на нејзиниот луксузен, а истовремено и безвременски изглед.
Низ нејзината долга кариера и искуство - животно и професионално, соработувала со бројни дизајнери и научила многу за стилот, жените и модата.
Ѕвездата на Династија никогаш не дозволила годините да ја ограничуваат во нејзините желби. Како што и сама има речено - облеката е нејзината страст, нејзината опсесија.
Таа посочува дека главна грешка на жените од сите возрасти е тоа што се обидуваат да го ископираат стилот што го диктираат модните списанија.
„Не си кратам себеси ништо, обожавам чоколада на пример, но клучот на успехот секогаш е во умереност“.
Се согласуваме во целост.
Среќен роденден Џоан Колинс!


















