Манекенката Ирина Шајк уште претходно направи пресврт кон поексцентричниот начин на облекување и очигледно не се откажува од истиот.
На вчерашната премиера на „Firebrand“ на 76-от Кански филмски фестивал, таа беше една од најпровокативните и најнеобично облечени гостинки.
Шајк носела кожен црн фустан кој се состоел од црн топ, составен од две ленти и здолниште со сирена крој со низок струк кој ги откривал колковите. Накитот бил исто така необичен, а фризурата крајно едноставна додека шминката била речиси и незабележлива.
Ирина е често гостинка на Канскиот филмски фестивал, а таа присуствуваше и на премиерата на новиот филм на Скорсезе во саботата, во друштво на дизајнерот Рикардо Тиши. Нејзиниот моден избор за таа вечер беше тоалета со раскошни карнери и длабоко деколте.
На многумина им се допаѓа новиот моден манир на Шајк, додека други сметаат дека претходно, пред да се одлучи да ѝ даде предност на ексцентричноста, многу подобро се облекуваше. Со чие мислење се согласувате вие?
Еве неколку изданија на убавата Шајк од Кан низ годините: