Херои од Англија: Двајца навивачи на Вест Хем сами се тепаа со хулиганите од Холандија

Дерби

19/05/2023

17:44

3.665

Големина на фонт

а а а

Играчите на Вест Хем не можеа премногу да се радуваат на пласманот во финалето во Конференциската лига, бидејќи веднаш по последниот судиски свиреж, сфатија дека сериозно загрозени се нивните најблиски.

Радикалните хулигани на АЗ Алкмар ја пробија оградата и влегоа на трибината на која имаше навивачи на Вест Хем, но нивна цел беа и семејствата на играчите кои беа во овој дел од стадионот.

Поради тоа, добар дел од играчите на Вест Хем се најдоа на трибината и некои од нив влегоа во пресметка со хулиганите, меѓутоа вистински херои биле двајца навивачите на Вест Хем.

Храбрите Англичани застанале на скалите и се пресметале со сите хулигани кои сакале да се качат во чувствителна зона, односно спречиле тие да дојдат до семејствата и најблиските луѓе на играчите.

Видеото од бруталните сцени брзо стана вирален хит, а навивачите на Вест Хем добиваат поздрав од цела Англија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг