Анџелина Џоли најави свој моден бренд - Atelier Jolie

Fashionel.mk

19/05/2023

16:11

7.253

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Анџелина Џоли го најави својот најнов потфат - моден бренд наречен Atelier Jolie. Станува збор за нешто интересно и малку поинакво од она што досега сме го виделе во оваа индустрија.

“Започнувам со нешто ново - колектив каде секој ќе може да креира”, - напиша ѕвездата на Инстаграм.

Џоли го замислува брендот како место за креативни луѓе каде што ќе можат да соработуваат со кројачи експерти, вешти занаетчии и моделари од целиот свет.

Според актерката Atelier Jolie ќе биде и место за забава, каде што секој ќе може да креира онака како што сака.

Џоли, која е и голем хуманитарец, сака да ја демократизира модната индустрија, со тоа што ќе им дозволи на клиентите да имаат пристап до заедница на нови дизајнери и мајстори занаетчии.


Брендот ќе користи само квалитетни винтиџ материјали и нефункционална облека, и ќе ги охрабрува клиентите да ги преправаат или доградуваат сопствените парчиња, односно да им дадат втор живот.

Atelier Jolie планирано е да започне со работа оваа есен.