Вегетаријанците не се повеќе „гладни“ кога патуваат: Европски градови кои нудат наjдобра храна за веганите и вегетаријанците во 2023

Точка

17/05/2023

20:47

18.475

Големина на фонт

а а а

Дури 526 места на 100.000 жители каде што може вегетаријанците да уживаат во прекрасната храна е причината зошто Брисел ја добил титулата како најдобриот град за луѓето кои не консумираат месо.

Не толку одамна, парен зеленчук на скара и салати „без вкус“ биле единствените опции за веганите и вегетаријанците „да не останат гладни“ додека патуваат. За среќа, времињата се менуваат на подобро. Има сè повеќе градови во светот во кои луѓето кои не јадат месо имаат одлични и вкусни опции.


Според истражувањата на порталот „Bounce“, „TimeOut.com“ известил дека најдобар град во Европа за вегетаријанците е токму Брисел. 526 места каде што може да се најде вегетаријанска храна, воопшто не е за потценување. Следува Фиренца со 343 вегетаријански ресторани на 100.000 жители, а по неа е Венеција која има 270.


А кога станува збор за вегански ресторани (и слични верзии), Брисел е повторно на прво место – брои 209 ресторани на 100.000 луѓе, а потоа следат Фиренца и Единбург.

Ова се првите 5 најдобри градови во светот за вегетаријанци:

Брисел



Фиренца


Венеција


Порто


Единбург


Најдобри градови за вегани:

Брисел


Фиренца


Единбург


Порто


Лисабон