Возел пијан, па го ставил кучето на возачкото седиште кога го сопрела полицијата

Точка

17/05/2023

12:44

6.966

Големина на фонт

а а а

Како што и се очекувало, возачот моментално се наоѓа во затвор по повеќе обвиненија, а кучето е предадено на чување кај пријател на возачот.

Авторите на култната анимирана серија Симпсонови својот измислен Спрингфилд не го замислувале како некое специфично место, но Спрингфилд во Колорадо би можел да биде добар кандидат, а возачот кој е главен лик во оваа приказна е прилично близок со Хомер Симпсон и неговиот поглед на животот.


Полицискиот извештај од Спрингфилд гласи:

„На ден 13. мај 2023. во околу 11:30 часот, полицијата сопре возило кое се движело со брзина од 52 милји на час (84км/ч) во зона од 30 милји на час (48 км/ч), во близина на 7-ма и Главната улица. Возачот се обидел да го замени своето место со своето куче, кое било на совозачкото седиште, додека службеникот на полицијата приоѓал кон возилото и го гледал целиот процес. Мажот потоа излегол од совозачката страна на возилото и тврдел дека не возел. Покажувал јасни знаци на интоксикација, а на прашањето за консумирање на алкохол побегнал од полицаецот. Бил фатен на 20 метри од возилото“.


Како што пишува „RevijaHAK“, откриено е дека мажот возел од Лос Анимас до Пуебла и дека се изгубил во Спрингфилд. Исто така било утврдено дека постојат два активни налози за негово апсење од Пуебла.