Соосновачот на „Apple“ Стив Вознијак предупредува дека вештачката интелигенција би можела да го отежни соочувањето со измамите и дезинформациите. Вознијак вели дека се плаши дека технологијата ќе ја искористуваат „лоши момчиња“.
Во разговор за „BBC“, тој изјавил дека содржината која ја создава вештачката интелигенција треба да биде јасно означени и дека за овој сектор е потребна регулатива.
Компјутерскиот пионер во март потпиша писмо заедно со Илон Маск во кое повикуваат на пауза во развојот на најмоќните модели на вештачка интелигенција.
Вознијак, во технолошкиот свет попознат како Воз, е ветеран во Силициумската долина кој го основал „Apple“ заедно со Стив Џобс и го создал првиот компјутер на „Apple“.

Разговарајќи со Зои Клајнман, уредничка на „BBC“ за технологија, зборувал за предностите на вештачката интелигенција и за неговата загриженост.
Тој рекол дека вештачката интелигенција е толку интелигентна што е отворена за „лоши момчиња“, кои сакаат да ве измамат.
Изразот вештачка интелигенција се однесува на компјутерски системи кои може да извршуваат задачи за кои обично е потребна човечка интелигенција.
Тоа подразбира четботови кои можат да разберат прашања и даваат одговори како човечки и се системи способно да препознаваат предмети на слики.
Вознијак не верува дека вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето затоа што нема емоции, но предупредил дека, според неговото мислење, тоа ќе ги направи лошите актери уште поуверливи, затоа што програми како „ChatGPT“ може да создадат текстови кои звучат многу интелигентно.

Човекот мора да преземе одговорност
Тој мисли дека одговорноста за било што што го создава вештачката интелигенција, а потоа е јавно објавено треба да биде на оние кои тоа го објавуваат.
„Човекот мора да преземе одговорност за тоа што го генерира вештачката интелигенција“.
Воз смета дека законите треба да повикаат на одговорност од големите технолошки компании „кои мислат дека можат да извлечат неказнето со било што“.
Но, тој изразил и нота скептицизам дека законодавците ќе го направат тоа што е потребно. „Мислам дека силите кои ги мотивираат се исклучиво парите, што е малку тажно“.
Тој верува дека не можеме да ја спречиме технологијата, но можеме да ги подготвиме луѓето да бидат подобро обучени да препознаат измами и злонамерни обиди да се украдат нивни лични податоци.










