Летни одела - спој на елеганција и комфор
За да креираме деловен изглед честопати одбираме одело. Ова парче облека од година за година добива на популарност и е сè поприфатено од помладата генерација што не беше случај порано.
Оделата неколку децении наназад ги носеа повозрасните и беа поим за строгост во стилот.
Модните брендови исто така одиграа голема улога во внесување на еден кежуал елемент во костимите.
Така денес освен класичните, имаме и одела на кратки ракави, кои што се совршен избор за летен стајлинг.
Истовремено добиваме елеганција, но и комфор што е добитна комбинација кога времето е топло, а материјалот што најчесто се користи е лен.
Кога ќе споиме кратки панталони и соодветен блејзер, целиот аутфит ја добива потребната доза на сериозност.
Освен класичен блејзер во комбинација можат да дојдат и елечиња.





















