Том Хенкс за филмот којшто му донесе Оскар: „Мислев дека никој нема да го гледа...“

Точка

11/05/2023

14:48

4.031

Големина на фонт

а а а

Том Хенкс откри дека прво не мислел дека неговата улога во филмот „Forrest Gump“ од 1994 година ќе биде наградена со Оскар и дека ќе има толкаво прифаќање во публиката.

„Му реков на режисерот: Дали некому ќе му се допадне овој филм? Овој тип седи во своите глупави чевли и ова кукавичко одело со ковчег полн со книги. Правиме ли нешто кое некому ќе му има смисла?“, рекол Хенкс за „New Yorker“ и додал дека режисерот Роберт Земекис го нарекол филмот „минско поле“.

Во тоа време Земекис веќе ги режирал „Back to the Future“, „Who Framed Roger Rabbit“ и „Romancing the Stone“ пред да го сними „Forrest Gump“.

Хенкс додал дека режисерот го научил дека треба да има верба во она што го снимаат и дека за сè останато ќе се грижи подоцна.


„Проблемот со „Forrest Gump“ е тоа што заработи милијарда долари“

Минатата година 66-годишниот актер го бранеше освоениот Оскар за „Forrest Gump“ од критиките.

„Проблемот со овој филм е тоа што заработи милијарда долари. Само да снимавме успешен филм, Боб Земекис и јас би биле генијалци. Но, затоа што снимивме неверојатно успешен филм, бевме ѓаволски генијалци“, изјавил Хенкс за „New York TImes“.


Но, тој исто така кажал дека постоел момент на „неоспорна срцепарателна човечност“ во „Forrest Gump“ кога ликот Гери, поручникот Дан којшто ги изгубил нозете во Виетнам доаѓа во куќата на Форест на денот на венчавката и му ги покажува своите нови титански „магични “ нозе.

„Би можел сега да се расплачам кога размислувам за тоа. Форест и Ден во тие четири зборови „волшебни нозе“, „поручник Ден“ – разбираат сè што поминале и почувствувале благодарение на секој дел од болката и трагедијата која ја преживеале“, рекол Хенкс.