(Видео) Крис Харис го тестирал најпосакуваното „Porsche“ на денешницата – 911 Dakar

Точка

10/05/2023

14:30

11.137

Големина на фонт

а а а

„Porsche 911“ има бројни изведби, но меѓу нив посебно се издвојува верзијата „Dakar“, која ја тестирал популарниот водител на „Top Gear“.

Харис седнал зад управувачот на моделот 911 Dakar и со него возел по патека за каква овој автомобил е наменет. Ако ја оставиме високата цена на страна, овој автомобил всушност е наменет за тоа – да се извалка возејќи по макадамска патека во духот на класичното рели.

Потсетуваме, основата е „911 Carrera 4 GTS“, а тука зборуваме за терен прилагоден за автомобил кој го движи 3.0 twin-turbo мотор. Харис прво возел по макадам и уште еднаш ја потврдил одличната управливост, но и рамнотежа. Дополнителен плус е издувот, најгласен од сите модели на „911“ кои ги тестирал.


Иако на почетокот сметал дека станува збор за бесмислен и непотребен модел, на крајот се согласил дека ова е неверојатно забавен автомобил. Меѓу другото, погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно.


Реално, „911 Dakar“ има само една маана, а тоа е цената која многумина ќе одврати од купување. Само 2.500 примероци се понудени на пазарот, и тоа со почетна цена од 222.020 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг