Вештачката интелигенција би можела да ја преземе улогата на копилот во авионите

Точка

06/05/2023

11:03

14.609

Големина на фонт

а а а

Развојот на вештачката интелигенција (ВИ) им овозможи на авиокомпаниите да ја истражат можноста за замена на еден од пилотите во пилотската кабина на авионот со цел да се ублажат последиците од недостигот на екипаж и да се намалат трошоците.

Според Тим Кларк, претседател на авиокомпанијата Емирати, вештачката интелигенција ќе има големо влијание врз воздухопловната индустрија, а можно е во иднина да има само еден човечки пилот во кабините на авионите. Тој посочи дека треба да размислиме што може да направи оваа технологијата за да го подобри она што го прават луѓето.

Иако оваа идеја може да биде шокантна за оние кои се навикнати на двајца пилоти во авион, понекогаш дури и тројца на долги летови, за авиоиндустријата тоа е само начин да се намали зависноста од луѓето додека технологијата напредува.


Авионите веќе користат компјутери за автоматско извршување на многу задачи, а автопилотот веќе го контролира авионот за време на поголемиот дел од летот, додека пилотите само ги надгледуваат операциите.

Авиокомпаниите и производителите на авиони сега истражуваат дали на вештачката интелигенција може да ѝ се довери поголема улога во операциите на летот, така што ќе биде потребен само еден човек за надзор. Ова дефинитивно нема да се случи во блиска иднина, но има простор за експериментирање каде, за време на долгите летови, вештачката интелигенција би била задолжена за контролите додека двајцата пилоти наизменично ќе го користат времето за одмор.