(Фото) Најубавото село на целиот свет се наоѓа на Тајван: Има само 11 куќи, а станало вистинска атракција благодарение на еден 100-годишен дедо

Точка

05/05/2023

16:12

18.028

Големина на фонт

а а а

Неугледно селце, непознато дури и за оние што живеат на Тајван, стана светска туристичка атракција поради еден креативен дедо. За 15 минути можете да направите обиколка на ова место, бидејќи има само 11 куќи, но туристите остануваат таму со часови.

Тие ги слушаат интересните приказни на мештаните, за тоа како настанало селото со необично име - Виножито, со кои освен кинески, зборуваат и англиски, шпански и француски. Тие сакаат да го запознаат креативниот „виновник“, Хуанг Јонгфу, да го дознаат секој детал од животот на некогашниот војник кој во подоцнежните години од животот станал уметник, и се фотографираат со него.


Приказната за најшареното село во Тајван е следнава: Градот бил практично непознат, дури и за тамошните жители. Руинирана населба во сопственост на државата, која одамна била изградена од страна на војската, веруваме дека тивко и неприметно ќе исчезнела од лицето на земјата и таму ќе никнела некоја модерна населба, доколку овој генијален човек не решил да ја сочува по секоја цена. Тоа било место кое му значело премногу и не сакал да дозволи да биде уништено и заборавено повеќе од што веќе било. Купил куќа од само 10 метри квадратни, во која живеел, а во тој период бил еден од ретките кои го населиле селото бидејќи повеќе од 1000 домови биле урнати. Така Хуанг започнал да ја бои куќата со боите на виножитото. Прво насликал птица на ѕидот од собата, а тоа наишло на воодушевување од страна на соседите, па почнал да ги бојадисува и нивните куќи. Прекрасните мурали ги забележале студенти од околните факултети и поднеле петиција до градоначалникот на Таичунг да ги заштити законски. Тој се согласил и така е родена нова атракција на Тајван – селото Виножито кое годишно го посетуваат повеќе од милион туристи.


Пресреќниот Хуанг, кој наполнил 100 години на почетокот на 2023 година, денес го носи прекарот Дедо Виножито и сé уште се буди во четири часот секое утро, за да ги одржува своите уметнички дела, во кои главен и незаменлив мотив се животните, а освен нив има и детали од неговото детство, обоени со примеси на љубов и ведрина.


Талентираниот надреалист заедно со внукот и пријателите изработува и сувенири кои туристите ги купуваат со огромно задоволство. Во продавницата, управувана од внукот на Хуанг,може да се најдат капи, лепези, чадори и уште многу сувенири кои го имаат уметничкиот печат на неговиот дедо. Денес тие можат да се видат насекаде во светот.


На влезот во селото, до кое може да се стигне од Тајпеј, главниот град на Тајван, со воз или туристички автобус (исто така обоени во боите на виножитото), ќе видите штандови со вкусни закуски, кафе се послужува во чаши кои ги насликал самиот Хуанг, а тука е и сладоледот, нормално, во боите на виножитото.

Вратата на куќата на несекојдневниот уметник е „преплавена“ со пораки оставени од воодушевените туристи: „Дедо Виножито, ти си неверојатен“, како и „Сликите се прекрасни, те молам продолжи со шаренилото“.


Секој што го посетил ова место е согласен дека ова е едно среќно село вредно да се посети, а неговиот „творец” се надева дека ќе биде сочувано за генерациите што доаѓаат.