(Видео) Искрено со Сашко Коцев – за кариерата, бракот, татковството: „Сите машки ме пцуеја што Смиљана ја запросив на Златна бубамара“

Точка

05/05/2023

23:47

7.441

Големина на фонт

а а а

Тој е еден од омилените актери на публиката, со години е вработен во МНТ, зад себе има одиграно многу улоги – тој е Сашко Коцев.

Мора да признаеме дека годинава на сите ни недостасуваше неговиот лик на „Златна бубамара“, но на 6-мај во Скопје ќе се случи премиерата на „Нешто слатко“ во кој игра со феноменалната актерка Јелена Јованова.

Коцев беше гостин во студиото на „Репортер“, а во интервјуто раскажа многу работи за својот професионален, но и приватен живот.

Сашко низ насмевка раскажал како се снашол во Словенија додека се снимал филмот „Нешто слатко“:


„По 20 часа возење од Скопје, оти беше метеж, конечно, стигнав во Љубљана. Се јавувам во хотелот и екипата ми вика, качи се, тука сме на 15. кат. Се качувам ја залетан, среќен што ги гледам, влегувам внатре и викам: Дечкии … кај сте, еве ме! И, тие, по малку роботски, мртви ладни: Здраво. Како си? Викам, што ви е, брее? Па кај нас не е вака, па треба да ме гушнеш, па да кажеш кај си брат, па да ми ги скршиш ребрата“.

Коцев и неговата сопруга се 10 години во брак, а тој низ насмевка вели дека денес е ненаспан откако се родила нивната ќерка Јоана.

Разговорите со Сашко Коцев секогаш се поинтересни да се доживеат и визуелно, а во интервјуто не изостанувал ниту неговиот хумор.

За бракот, каков сопруг и татко е, за тоа дали готви дома, како ѝ раскажува приказни на ќерка си – погледнете во интервјуто: