10 рани знаци на ревматоиден артритис кои не треба да ги игнорирате

Точка

02/05/2023

18:27

9.869

Големина на фонт

а а а

Ревматоидниот артритис е нарушување кај кое имунолошкиот систем на заболените лица ги напаѓа зглобовите, предизвикувајќи воспаленија.

Како што пренесува „Medical News Today“, раните знаци најчесто вклучуваат отекување и болки во рацете или рачните зглобови. Меѓутоа, тоа се само некои од многуте симптоми на артритис кои луѓето ги игнорираат, а не би требало, предупредуваат докторите.

Симптомите на ревматоидниот артритис обично ги зафаќаат рацете и стапалата, а навременото воочување на знаците на оваа болест може да доведе до рана дијагноза и соодветно лекување. Исто така, раното и доследно лекување на артритисот може да спречи понатамошно оштетување на зглобовите.


Знаците кои многумина ги игнорираат, а всушност можат да укажуваат на тоа дека лицето боледува од ревматоиден артритис се:

- хроничен умор

- покачена телесна температура

- необјасниво губење килограми

- вкочанетост во зглобовите

- болки во зглобовите

- отоци

- црвенило односно промена на бојата на кожата околу зглобовите на дланките и стапалата

- депресија

- чувство на топлина во зглобовите

- тврди јазли под кожата на места како лактите и дланките