Насловната на „Vogue“ за мај посветена на Карл Лагерфелд
Насловната на „Vogue“ за месец мај е можеби една од најдобрите досега - 10 модели, 10 креации и една позната мачка.
Сето ова во чест на легендарниот Карл Лагерфелд, за кој ќе биде посветена и годинешната Мет Гала.

Вкупно 10 дизајнери и модни куќи ја редефинираа работата на покојниот дизајнер: Пјерпаоло Пичоли (Valentino), Том Браун, Донатела Версаче, Џун Такахаши (Undercover), Кристофер Џон Роџерс, Џон Галијано (Maison Margiela), Оливие Рустенг (Balmain), Читосе Абе (Sacai), Гучи и Симон Роша.
Пред објективот на познатата фотографка Ени Лебовиц ги гледаме Наоми Кембел, Наталија Водјанова, Шалом Харлоу, Лиу Вен, Амбер Валета, Адут Акеч, Анок Јаи, Девон Аоки, Џиџи Хадид и Кендал Џенер.

Една од ѕвездите е и омилената мачка на Лагерфелд, Шупет.
Оваа година Мет Гала планирано е да биде на први мај во Музејот на уметноста Метрополитен во Њујорк, кога ќе биде преставена и изложбата Karl Lagerfeld: A Line of Beauty.

Присутните ќе имаат можност да погледнат 150 предмети од шесте декади модно творештво на дизајнерот, неговата работа за Шанел, Фенди, како и дел од неговиот сопствен бренд.
Изложбата во чест на Лагерфелд ќе биде отворена за јавноста од 5-ти мај до 16-ти јули.















