Александар Меквин - модниот гениј кој замина прерано

Fashionel.mk

05/04/2023

22:19

6.891

Големина на фонт

а а а

Ли Александар Меквин е роден на 17 март 1969-та година во Лондон. Потекнува од работничко семејство, татко му бил таксист, а мајка му наставничка.

Семејството имало шест деца, а малиот приход дополнително ја отежнувал работата. Кога имал 16 години Меквин го напуштил училиштето и се вработил во продавница за машки костими по нарачка.


Ја засакал работата со правење на облека и по некое време започнал да работи на театарска костимографија.

Драматичноста што ќе ја одбележи работата како костимограф, ќе се пренесе и на подоцнежната самостојна кариера.

Александар, потоа накратко се сели во Милано, Италија, од каде дополнително црпи идеи за својата самостојна работа.


Дизајнерот добива диплома за моден дизајн на колеџот за уметност и дизајн Central Saint Martin во 1992-ра година.

Неговaта модна генијалност и ексцентричност ќе биде прикажана со финалниот дипломски проект – колекција инспирирана од Џек Мевосек.

За негова среќа истата беше купена од познатата лондонска стилистка и дизајнерка Изабела Блоу, која ќе стане негова добра пријателка.

Накратко по дипломирањето Меквин започнува сопствен бизнис – дизајнирање на женска облека, а особен успех ќе му донесат неговите "bumster" пантолони со екстремно низок струк.


По само четири години од дипломирањето Александар е именуван за главен дизајнер на мега брендот Луи Витон, сопственост на Живанши.

Иако ги преминуваше сите модни граници, Меквин секогаш се чувствуваше како некој да го кочи.

И покрај сè тој ја доби наградата Британски дизајнер на годината во 1996, 1997 и во 2001 година, додека работеше за Живанши.

Кратко потоа Ли одлучува да ја напушти француската модна куќа.


Во 2003-та Меквин е прогласен за интернационален дизајнер на годината од советот на дизајнери на САД, добива специјална титула од кралицата Елизабета и уште едно признание за Британски дизајнер на годината.

Во меѓувреме Меквин отвора бутици во Њујорк, Милано, Лондон, Лас Вегас и Лос Анџелес.

Со помош на инвестиција од модниот гигант Гучи, името Меквин станува мега популарно.


Александар Меквин засекогаш ќе остане познат како дизајнерот кој ги прекрши сите правила, го донесе ексцентричното на работ на нормалното и излезе од рамките на дизајнерскиот профил.

А кога генијалноста ќе избега од рационалноста...


На 11 февруари Меквин беше пронајден мртов во својот стан во Лондон, а како причина за смртта се наведе самоубиство.

Талент прерано згаснат, но не и неговото наследство што останува да зборува преку колекциите што се сè само обични не.