Дестинација за секој – таму кафето чини едно евро, апартманите ќе ги најдете и за 19 евра

Точка

04/04/2023

10:42

27.533

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите предности на бугарските летувалишта е ниската цена за сместување, храна и пијалаци. Апартманите таму чинат и по цена од 19 евра.

Со оглед на тоа што цените на Јадранот се навистина високи, многумина летово бараат други алтернативи за годишен одмор.

Станува збор за летувалиштето Сончев брег, едно од најпопуларните на Црното море кое опфаќа пет километри долги песочни плажи. Изградено е кон крајот на 50-тите години на минатиот век на место на кое таму имало само песок.


Но, во меѓувреме таму засадени биле 300.000 зимзелени и листопадни стебла, со повеќе од 700.000 грмушки и многу цвеќиња.

Иако Сончев брег е замислено како место за одмор на бугарските жители, тоа станало популарно и кај туристите од другите земји особено Британците.

Една од најголемите предности на бугарското летувалиште е ниската цена на сместувањето, храната и пијалаците.


Апартманите таму може да ги најдете и по цена од 19 евра од вечер, просечната цена на половина литар домашно пиво изнесува 1,58 евра, а за истата количина пиво во продавница ќе потрошите само 0,64 евра. Капучиното чини околу едно евро, а оброк во ресторан за две лица е околу 30 евра.

Температурата на морето во летните месеци достигнува околу 26 степени, а на располагање има и два тематски водени паркови со бројни базени.


Во близина се наоѓа и градот Несебар, а тој град поради својата архитектура и разните знаменитости многумина го нарекуваат бисер на Црното море.

Инаку, Сончев брег во летните месеци има богат ноќен живот и има околу 100-на кафулиња и ноќни клубови поради што често го нарекуваат и „бугарска Ибица“.