Анчелоти бил шокиран од потегот на Златко Далиќ

Макфакс

01/04/2023

13:35

3.798

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ се уште не ги започнал преговорите околу новиот договор со Реал Мадрид. Модриќ не крие дека сака да ја заврши кариерата во Реал, но европскиот шампион се уште не му понудил продолжување на соработката.

Во последните недели се шпекулираше дека Реал му поставил ултиматум на 37. годишниот Модриќ дека мора да ја заврши репрезентативната кариера доколку сака да остане во клубот уште една сезона. Во Реал сметаат дека Модриќ премногу се троши кога настапува за репрезентацијата и дека поради тоа трпи неговата игра во клубот.

„Дефенса централ“, пишува дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти е особено бесен по последниот репрезентативен собир.

„Реал побара хрватскиот селектор да не го исцрпува премногу Модриќ бидејќи ова е клучен дел од сезоната. Пред Реал се исклучително важни натпревари во Лигата на шампионите и Купот на кралот. Сепак, Златко Далиќ не го испочитува ова барање“, пишуваат Шпанците.

„Анчелоти е многу лут. Неколку пати на синот Давиде, кој е негов прв помошник, му рекол дека е шокиран што во Хрватска не обрнувале внимание на нивните барања. Анчелоти сега само се надева дека Модриќ не е премногу уморен по 180 минути против Велс и Турција“.

Слично пишува и каталонски „Спорт“, кој наведува дека Анчелоти е бесен и дека на Модриќ му е поставен ултиматум – репрезентацијата или Реал. Модриќ оваа сезона за Реал одигра 2.416 минути и постигна шест гола со пет асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг