Агуеро доби срцева аритмија додека траеше неговата емисија

Макфакс

30/03/2023

17:27

3.098

Големина на фонт

а а а

Легендата на Манчестер сити, Серхио Агуеро во средата доживеа срцева аритмија во живо додека траеше неговата емисија на Твич, потсетувајќи ги неговите фанови дека се повлече од фудбалот поради проблеми со срцето.

34-годишниот Агуеро по пензионирањето стана популарен со својот канал на Твич каде што често има славни фудбалери како гости. Овојпат тој беше покрај Ибаи Лјанос и одеднаш сопре со зборување и ја стави раката на градите.

„Што се случува човеку“, го праша Лјанос.

„Мислам дека имав мини-аритмија“, одговори Агуеро.

„Да одиме на доктор веднаш?“, праша Лјанос.

„Не, не. Бидејќи имам чип и тој славен чип ќе ја детектира аритмијата и ќе прати сигнал“, одговори Агуеро, по што продолжи со програмата.

Агуеро се повлече од фудбалот во декември 2021 откако мораше да излезе од игра на мечот на Барселона против Алавес жалејќи се на болки во градите. По ова му беше дијагностицирана срцева аритмија и тој се пензионираше од фудбалот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг