Судир на воени хеликоптери во САД, загинале девет лица!

Точка

30/03/2023

19:36

2.917

Големина на фонт

а а а

Во судирот на два американски воени хеликоптери во Кентаки, во близина на базата Форт Кемпбел, загинале девет лица, изјави денеска портпаролот на војската.

Два хеликоптери „HH60 Blackhawk“ вршеле редовна вежба во околу 22:00 часот по локално време, кога се судриле, рекла за „Fox News Digital“ директорката за односи со јавноста на базата Форт Кемпел, Брендалин Карпентер – Плејер.

„Екипажот леташе со хеликоптери „Blackhawk“ во текот на рутински тренинг, кога дојде до инцидентот. Статусот на членовите на екипажот во овој момент не е познат. Командата моментално е фокусирана да ги згрижи војниците и нивните семејства“, рекла Карпентер – Плејер.

Нондис Турман, портпаролка на Форт Кемпбел, рекла дека судирот дошло претходната ноќ на југозападот на Кентаки во текот на рутинска обука, пренесува „AP“. Во соопштението на Форт Кемпбел се наведува дека двата хеликоптери „HH-60 Blackhawk“ кои се дел од 101. воздушно-десантна дивизија, се урнале во околу 22 часот во средата во округот Триг, во Кентаки. Несреќата, која се случила на околу 50 километри од Форт Кемпбел, ја потврдила 101. воздушно-десантната дивизија.

Во тек е истрага за несреќата. „Моментално нашиот фокус е на војниците и нивните семејства“, се додава во соопштението. Зборувајќи утрово на прес-конференција, гувернерот на Кентаки Еннди Бешир изјавил дека државата ќе направи сè што може да ги поддржи семејствата на загинатите.

„Ќе го правиме тоа што секогаш го правиме, ќе ги прегрнеме овие семејства, ќе бидеме со нив во деновите и неделите кои доаѓаат“, рекол Бешир. Форт Кемпбел се наоѓа во близина на границата со Тенеси, на околу 100 километри северозападно од Нешвил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг