Судиите се исклучија, коментаторот прашуваше дали Леброн го носи пасошот

Дерби

30/03/2023

11:31

6.164

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс утринава повторно беше еден од најдобрите поединци во редовите на Лејкерс, а неговиот тим оствари важна победа над Чикаго во битката за плеј-ин место.

Покрај останатите интересни моменти и атрактивни потези на средбата, американските медиуми истакнуваат и една акција на Џејмс, во која судиите на мистериозен начин не ги видоа чекорите на првата ѕвезда на Лејкерс.

Ситуацијата беше толку воочлива што коментаторот го праша Леброн „дали го носи пасошот со себе“.

Лејкерс го добија натпреварот со 110:121 и во моментов се на осмото место на Западот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг