(Видео) Роналдо ја покажа својата гордост на четири тркала и направи хаос во Мадрид

Дерби

30/03/2023

10:49

3.571

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо е докажан фан на суперлуксузните и ретки автомобили и може да биде горд со својата колекција, која постојано ја збогатува.

Како голем почитувач на ретките примероци на марки како Бугати, Роналдо одвреме навреме знае да се пофали со некој од своите „ѕверови“, а овојпат го привлекол вниманието со атрактивниот Бугати Чентодиечи.

Од овој модел се произведени само 10 примероци, чини околу 8 милиони евра и до него можат да стигнат само најголемите почитувачи на делото на овој легендарен бренд.

Роналдо вчера се појавил со новото Бугати во Мадрид и направил хаос на улиците, бидејќи фановите брзо го детектирале Португалецот и се фотографирале, односно снимале со неговиот автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг