Дунга: Гвардиола не измисли ништо во фудбалот, неговите идеи се гледаа во Бразил уште пред 50 години

Дерби

29/03/2023

12:03

1.692

Големина на фонт

а а а

Карлос Дунга стана светски шампион со Бразил во 1994-та година, а има посебно место во историјата на „кариоките“ поради тоа што беше лидер и капитен на споменатиот тим кој славеше во финалето над Италија.

По извонредната играчка кариера, Дунга во два наврати беше бразилски селектор и сепак не успеа да стане четвртиот човек кој станал светски првак како играч и како тренер, но затоа за него оној првиот кој направи таков подвиг е човекот кој направил вистинска револуција во фудбалот.

Дунга смета дека Ариго Саки и Пеп Гвардиола се важни за негувањето на офанзивниот фудбал, но сепак не можат да се споредуваат со име кое не е толку популарно во јавноста.

Марио Загало е првиот човек во историјата кој стана светски шампион како играч и селектор, а Дунга го памети како стручњак кој прв почнал да игра со пет играчи во нападот на Светското првенство во 1970-та година.

– Саки и Гвардиола се многу важни тренери, но кој се сеќава на Загало? За време на Светското првенство во 1970-та година, тој играше со пет „десетки“ во нападот. Во тоа време, беше незамисливо да се замисли такво нешто. Гвардиона не измисли ништо, тој го направи истото и сите го фалат само него, но Загало го направи тоа пред повеќе од 50 години на Светското првенство во 1970-та година, – вели Дунга.



Спонзорирани линкови

Маркетинг